Автентично толкување на член 1и 2 и измените на Законот за трансформација во редовен работен однос | Правдико

Правдико

   

Автентично толкување на член 1и 2 и измените на Законот за трансформација во редовен работен однос

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во Службен весник на РМ бр.44/2015 се објави Автентично толкување на член 1 и член 2 став 1 како и изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос (Службен весник на РМ бр.20/2015). Согласно автентичното толкување на член 1 од овој закон трансформирањето во работен однос на неопределено работно време се однесува на лица ангажирани за извршување работа во институциите утврдени во овој член, а се ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/или авторски договор или друг договор под кој што се подразбира договор за отстапување на привремен агенциски работник, а не се подразбираат договорите за ангажирање на лица на еднократни проекти, особено проекти финансирани од странски извори-донации и заеми.

Според автентичното толкување на ставот (1) на членот 2 трансформирањето во работен однос на неопределено работно време ќе се искористи исклучиво за лицата од членот 1 од овој закон кои извршувале работи врз основа на договор во период од три последователни месеци што непосредно претходат на 30.11.2014 година, односно периодот од 1.09.2014 година до 30.11.2014 година, а кои исто така имаат важечки договори и во моментот на трансформирањето на работниот однос.

Според последната измена и дополнување на овој закон-во сила од 19 март 2015 г.:

– Трансформирањето во работен однос на неопределено време ќе се применува и за :1) лицата кои имале прекин на договорот поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос. Овие лица треба да имаат договор со институцијата за 3 -последователни месеци непосредно пред прекинот поради бременост и/или раѓање и по прекинот повторно се ангажирани во институцијата го исполнува условот од член 2 став 2 и 2) лицата кои имаат прекин на договорот поради бременост и/или раѓање во моментот на трансформирање на работниот однос, а имале договори за 3 последователни месеци пред прекинот поради бременост и/или раѓање. За овие лица (од точка 1) и 2)) договорот за засновање работен однос ќе се склучи по престанок на причината за прекин. Доколку за овие лица е потребно, измената на актите за систематизација ќе се направи во рок од 15 работни дена по влегување во сила на овие измени. т.е, до 9 април 2015 година.

– Се продолжува рокот за склучување на договорот за засновање работен однос од 30 на 90 дена по влегување во сила на законот (по 12.02.2015 г.),

– За да се утврди исполнетоста на условот и времетрањето на периодот на прекин поради бременост и/или раѓање министерот за здравство ќе формира посебна Комисија,

– Ограничувањата од член 8 и 9 од Законот за ангажирање лица по договор нема да се однесуваат на: повремени набљудувачи и стрелци во Управата за хидрометеоролошки работи, лица за непосредно прибирање на податоци во Државниот завод за статистика.

Извор: ФВ Консалтинг

Препорачуваме

Партнери на Правдико