Автомобил прегази жена во Бутел, возачот избега од местото | Правдико

Правдико

   

Автомобил прегази жена во Бутел, возачот избега од местото

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жена со тешки телесни повреди е пренесена во болница по удар од автомобил.

Според информациите од полицијата, пред два дена на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски-Карпош и улицата Ферид Бајрам во Скопје, патничко возило „бмв“ удрило во пешакот З. Ш. У. (55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што возачот го напуштил местото на незгодата.

„На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико