Автомобил удри во пешак во Битола | Правдико

Правдико

   

Автомобил удри во пешак во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седумдесет и деветгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил во Битола.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11 и 30 часот, на крстосницата од улиците Партизанска и Климент Охридски, кога автомобил „цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(39) од Битола удрил во М.З.(79) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико