Автомобил удри жена кај Католичка црква
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шеесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на крстосницата од улица Митрополит Теодосиј Гологанов и улица 9 Мај во Скопје.
Како што соопшти МВР, М.С.(39) од Скопје управувајќи автомобил „фолксваген” удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Извор: Макфакс