Правдико

   

Автономија за Донбас?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Парламентот во Киев покрена реформa на уставот под силен притисок на западните партнери. Се гарантира автономија на областите кои ги контролираат сепартистите. Критики од сите страни: од Москва, Донбас, ама и од Киев.

0,,18524897_303,00

Не се чекаше долго на ладниот туш од Москва. Од тамошното Министерство за надворешни работи порачуваат дека предлогот од Киев за промена на уставот е „вежба на политичка демагогија“. Се тврди оти украинскиот предлог нема многу врска со февруарскиот договор од Минск, кој претставниците на Киев и проруските сепаратисти го постигнаа со просредство на европските министри. Слично за промените на уставот мислат бунтовниците во Доњецк и Луганск.

Во Киев меѓутоа тврдат дека предложените промени на нависокиот правен акт го почитуваат договорот од Минск „до последната запирка“. Тоа претседателот Петро Порошенко го изјави во четвртокот, пред пратениците да изгласаат предлогот на новиот устав да го испратат на разгледување во Уставниот суд чија одлука се очекува до крајот на август. За да биде конечно усвоен уставот, украинскиот парламент мора да одржи уште две расправи и конечно да го изгласа со т.н. „уставно мнозинство“ од 300 гласа. Во четвртокот „За“ гласаа 288 пратеници.

Притисок од Запад

Се работи за втора уставна реформа од донесувањето на документот во 1996. година. Целта е спроведување на договорот од Минск во однос кон териториите кои ги контролирааат сепаратистите на истокот од земјата. Украина се обврза на децентрализација, односно на давање повеќе овластувања на регионите. Во предложениот член 11 детално се опишува дека бунтовниците од Доњецк и од Луганск можат да сметаат на амнестија, оти ќе имаат право на глас во поставување на обвинители и судии како и сопствени сили на безбедност („народна полиција“). Освен тоа, Киев се обврзува дека сето тоа ќе го финансира од буџетот. Новиот устав би требал да стапи во сила до крајот на годината.

Колкава е важноста на реформите се виде и по присуството на Викторија Нуланд, помошникот државен секретар на САД, задолжена за Европа. Пред гласањето таа се сретна со голем број украински пратеници и се обиде- очигледно со голем успех- да ги убеди да ги поддржат промените на уставот.

Два дена претходно канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд му телефонираа на претседателот на украинскиот парламент. Поради тоа одделни политичари во Киев зборуваа за задкулисен притисок од страна на Западот.

„Со овие промени даваме легитимет за моменталниот статус на окупираните територии. Тоа е пораз за Украина“, рече Серхиј Траута, поранешен гувернер на Доњецк. И киевскиот стручњак за надворешна политика Бохдан Јаременко вели дека Украина била под силен притисок од западните партнери. „Запад се обидува да го реши конфликтот на сметка на Украина“, рече Јараменко за ДВ. Но политички најмоќниот човек во Украина- претседателот Порошенко- демантира каков било притисок.

„Финансирање криминалци“

Извесно е оти реформата на Уставот ја става земјата на тешка проба. Тоа се виде и на самото гласање кога воздржани беа повеќе од 20 пратеници од партијата на Порошенко. Во Народниот фронт на Арсениј Јацењук имаше 10 непослушни пратеници.

Громогласен аплауз за промена на уставот се слушна единствено од пратениците на „Опозицискиот блок“ кои го сочинуваат партиските другари на соборениот и пребеган поранешен претседател Виктор Јанукович.

Критичките гласови во Киев се се’ погласни. Се тврди дека Украина авансно ги исполнува договорите од Минск додека проруските сепаратисти- и покај најавите и ветувањата- се’ уште не го повлекоа вооружувањето ниту ја затворија границата со Русија.

Тука мора да се додаде оти за тие точки во договорот од Минск не беа предвидени рокови. „Каков било посебен статус за Донбас ги легитимира руските трупи и платеници на украинска територија“, вели Оксана Сиројид, потпретседателка на парламентот, која важи за најгласна критичарка на реформите. Нејзината партија Самопомош е дел од владеачката коалиција, но гласаше против промена на уставот.

За „капитулација“ пред Владимир Путин и сепаратистите зборува Серхиј Рахмањин, познат коментатор од киевскиот неделник „Зеркало тишња“, „Ни се предлага да не ги казниме криминалците и уште да ги финансираме од буџетот“, напиша Рахмањин по гласањето во парламентот. Тој прогнозира дека реформите на уставот нема да ја донесат посакуваната деескалација. Напротив, ќе дојде до заострувања и нови конфликти, смета угледниот новинар.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико