Авторите во ЗАМП уште чекаат одговори од Министерството за култура | Правдико

Правдико

   

Авторите во ЗАМП уште чекаат одговори од Министерството за култура

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

musicpublishing-e1407124701664Соопштението со реакција од страна на ЗАМП ви го пренесуваме во целост:

Авторите од ЗАМП го поздравуваат известувањето од Министерството за култура во врска со јавното соопштение на Здружението од 02.11.2016 г. во кое се тврди дека “истиот ден на доставување на решението до ЗАМП, паралелно била поведена и постапка пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот” и дека “Правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд”. Тоа одамна го бара ЗАМП.

Затоа што сега станува јасно оти сe додека судот не донесе правосилна одлука или додека авторите сами не ја стават вон сила забраната за јавно емитување музика, никој нема право да прејудицира своеволни заклучоци. Меѓутоа, Министерството за култура им остана должно да им одговори на авторите од ЗАМП на многу суштествените прашања:

– Зошто не даде мислење во врска со непостоењето согласност меѓу ЗАМП и СОКОМ МАП за одржувањето на системот за електронска евиденција, купен со пари на авторите во ЗАМП;

– Зошто не изготви правилник во кој ќе го опфати описот и техничките карактеристики на системот за електронска евиденција;

– Зошто не определи организација која ќе се смета за овластена за прибирање надоместоци за користење на авторски дела;

– Зошто не донесе решение за одземање на дозволата за колективно управување на организацијата СОКОМ МАП, бидејќи во определениот рок таа не објави правилник со тарифа за наплата на авторски надоместоци.

Министерството за култура беше должно да го направи тоа во определените законски рокови (според членовите 135-б, 135-д, 149 ст.5 и 150 ст.5 од Законот за авторското право и сродните права). Сите автори во ЗАМП застануваат зад заложбата на Министерството за култура дека „Република Македонија е правна држава и во таа смисла никој не е над законите, ниту било која институција, ниту поединец, ниту ЗАМП“. Единствено на тој начин може да се приближиме до решение на проблемите и за враќање на музиката во медиумите. За наша музика, за светска музика!

Извор: ЗАМП

Препорачуваме

Партнери на Правдико