Азербејџанците гласат за јакнење на овластувањата на претседателот Алиев | Правдико

Правдико

   

Азербејџанците гласат за јакнење на овластувањата на претседателот Алиев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Азербејџанците во понеделникот излегоа на оспоруваниот референдум за јакнење на овластувањата на долгогодишниот претседател на земја, Илхам Алиев, а предложените уставни промени опозицијата и активистите за човекови права ги сметаат за недемократски.

aliev

Со предложените измени претседателскиот мандат би се продолжил од пет на седум години и би се востановила позицијата на еден моќен прв и уште неколку потпретседатели.

Опозицијата во пресрет на референдумот одржа протест тврдејќи дека станува збор за обид на претседателот 54-годишиот Илхам Алиев да си осигури останување на власт на неговото семејство, во оваа поранешна советска република која е богата со нафта

Правните експерти на Советот за Европа оценија дека уставните промени „тешко би ја нарушиле рамнотежата на моќ, давајќи му на претседателот досега невидени овластувања“.

Организацијата Amnesty International смета дека „амандманите ќе доведат до кршење на слободата на здружување“. „Референдумот го следат апсења и закани. Оние кои критикуваат и се борат против тие предлози, се изложени на напади и вознемирување од страна на власта“, соопшти организацијата.

Алиев управува со Азербејџан од смртта на неговиот татко Хајдер, поранешен комунистички челник кој умре во 2003 година, откако на чело на земјата беше десет години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико