Ажурирање и корегирање на лични податоци на членовите во втор и трет столб | Правдико

Правдико

   

Ажурирање и корегирање на лични податоци на членовите во втор и трет столб

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

timthumbПензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.

Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања, кои пензиските друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги доставуваат до своите членови, од особено значење е членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци. Сите членови кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања  од пензиските друштва.

Седиштата и веб страниците на двете пензиски друштва се:

 

Screenshot_1

За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци.  Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која што се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва, да ги ажурираат/корегираат своите лични податоци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико