Бабовски доби уште една битка со Комисијата за лустрација | Правдико

Правдико

   

Бабовски доби уште една битка со Комисијата за лустрација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вишиот управен суд го отфрли барањето на Комисијата за верификација на фактите за повторување на постапката каде Никола Бабовски од Битола со тужба пред Управниот суд го поништи Решението за лустрација  во април минатата година.

Откако Вишиот управен суд ги одби жалбите на Комисијата, и го потврди поништувањето на лустрацијата, ова беше последниот обид на Комисијата преку барање за повторување на постапката, процесот повторно да го возобнови.

Како што стои во образложението на пресудата Комисијата не го направил веројатно постоењето на законско основ за повторување на постапката, бидејќи не приложи нови докази врз основа на кои судот би утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што била утврдена во претходната постапка.

Имено, Никола Бабовски е прв кој ги добил сите судски процеси против Комисијата за лустрација во домашните судови и на сите инстанци. Ова може да биде надеж и верба дека сепак правдата е спора но сепак достижна, што се покажа и во македонското судство. Сепак штетата и стресот што му беше нанесена нему и на неговото семејство со ништо не може да се надомести.

Меѓу поништените решенија каде претходно Вишиот управен суд ги отфрли жалбите се и тие за Божин Павловски, Јадранка Костова, Сиљан Аврамовски, Трајко Огненовски, Ице Дамчевски, Хетем Ејуп Адеми, Николче Бабовски, Петар Мирчески, Градимир Јовановиќ, Трајан Петровски и Хаки Бедиу.

Препорачуваме

Партнери на Правдико