Правдико

   

Бан Ки-мун: Ескалацијата на судирите во Сирија е закана за мировните преговори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, предупреди дека ескалацијата на воените активности во Сирија и заканата за понатамошна употреба на сила ги загрозуваат напорите за обнова на мировните преговори и надежта за политичко решение за војната во Сирија.

5434138032-4e20d48193-b-860x653

Во писмото до Советот за безбедност на ОН, Бан Ки-Мун навел дека меѓународната заедница и СБ на ОН се соочиле со тежок избор, да се спроведе декемвриската резолуција која повикува на мировен процес за Сирија или да набљудуваат како завојуваните страни ја следат „пропаднатата логика на воена победа“.

Бан порача дека ОН ќе направат сè што е во нивна можност да го продолжат мировниот процес, но за тоа им е потребна помош од меѓународната заедница. Тој го повтори повикот до Советот за безбедност злосторствата во Сирија да ги даде под надлежност на Меѓународниот кривичен суд.

Извор: Мета

Партнери на Правдико