Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее, ако не се почитуваат основните правa.
Бан на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во борбата против насилните екстремисти.
Меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека ако борбата против тероризмот се води со занемарување на владеењето на правото и кршењето на човековите права, што е чест случај, не е само прекршување на вредностите кои треба да се зачуваат, туку уште полошо, може да доведе до проширување на насилниот екстермизам.
Бан истакна дека, доколку во борбата против тероризмот мета се цели малцински заедници, кај нив доаѓа до ширење на незадоволството, радикализмот и екстермизмот.
Извор: META.mk