Правдико

   

Банани збогатени со кокаин во затвор во Тексас

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во бананите што беа подарени на затвор во Тексас, се наоѓал кокаин вреден речиси 18 милиони долари скриен во амбалажата, објавија американските власти.

Управата за кривични санкции на американската држава Тексас, соопшти на Фејсбук дека дрогата била пронајдена во две палети банани донирани во затворот, бидејќи  веќе биле зрели.

Донацијата пристигна во затворот во петокот.

Се известува дека поручниците кои земале кутии со банани забележале бела прашкаста супстанција под овошјето.

Веднаш биле повикани американски царински службеници и беа пронајдени 540 пакети кокаин во 45 кутии со банани.

Администрацијата наведува дека федералните власти и Царинската гранична администрација на САД го испитуваат случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико