Правдико

   

Барање за импичмент на Доналд Трамп

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Калифорнискиот демократ Бред Шерман поднесе барање за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп. Тој го обвинува претседателот за попречување истрага за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година со тоа што го отпуштил тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

Шерман е свесен дека тоа е само „прв чекор на многу долг пат“, но нагласува дека ако импулсивната неспособност продолжи, по одредено време и републиканците ќе се придружат на барањето.

Портпаролка на Белата куќа изјави дека одлуката на Шерман е смешна и оти тоа е политичка игра на најниско ниво.

Одлуката на Шерман има малку шанси да успее во Претставничкиот дом на САД каде доминираат републиканците, и уште помалку бидејќи нема поддршка од демократи. Демократските лидери се оградуваат од обидот за импичмент на Трамп со став дека тоа само им дава поттик на приврзаници на Трамп, јавуваат американски медиуми.

Извор:НОВАтв

Партнери на Правдико