Барателите на азил ги ставаат визите на тест | Правдико

Правдико

   

Барателите на азил ги ставаат визите на тест

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секогаш постои ризик ЕУ повторно да воведе визи, но познавачите велат дека засега тоа не е реална закана. Бројот на граѓани од Западен Балкан кои барале азил во ЕУ во 2014 година се зголемил дури за 40 проценти во однос на годината претходно.

E1740CEE-5BDF-4BB1-B07F-8328AFEC6E0C_w640_r1_s_cx0_cy8_cw0

Ризикот Европската унија повторно да воведе визи за граѓаните од Западен Балкан секогаш постои, особено поради зголемениот пораст на барање на азил, вели директорот на невладината организација Македонски центар за европско образование Бојан Маричиќ.

Тој додава дека не очекува такво нешто, затоа што европскиот механизам за заштита не се вклучува автоматски, туку треба конкретно некоја држава да го иницира тоа, да објасни зошто е потребно, па да помине на гласање и евентуалната суспензија на визната либерализација да биде временски ограничена. Маричиќ вели дека главата карактеристика на таквиот механизам е временската ограниченост, тоа се сфаќа како времена мерка која може да ја воведат државите од Шенген зоната.

„Тоа може да биде на шест месеци, на година дена и тоа е како една крајна мерка откако сето друго е исцрпено. Веќе подолго време се шпекулира и се дискутира околу ова прашање, тоа секако е возможно, но не верувам дека ќе се оствари, затоа што заканата од барателите на азил во овој момент, од оние информации што ги имаме, доаѓа пред сè од Косово, држава која воопшто не е под овој слободен режим.“

Според извештаите на Европската комисија, бројот на граѓани на овие држави кои барале азил во ЕУ за време на 2014 година се зголемил дури за 40 проценти во однос на годината претходно. Тоа се вкупно повеќе од 50 илјади луѓе, а сето тоа ЕУ го гледа како „злоупотреба на визната либерализација“.

Дополнително реализирањето на таа закана со себе носи и политичка штета, вели Маричиќ.

„Би имало огромна политичка штета и би ги погодило и оние категории на граѓани кои што најмногу гледаа најмногу бенефит од оваа мерка, тоа се младите, студентите, бизнисмените, универзитетите, значи тоа би било многу лоша политичка порака кон државите од Западне Балкан бидејќи визната либерализација е една од ретките и најконкретните придобивки коишто ги добиле придобивки коишто ги добиле граѓаните од државите од Западен Балкан. Токму и од таа причина не верувам дека ќе се оствари оваа закана.“

Потреба е акција од државите од Западен Балкан како одговор на оваа состојба, додава Маричиќ.

„За жал тоа не го гледаме и тука и нашата администрација, нашата влада треба да го земе делот од својата одговорност, затоа што до сега кај нас овие проблеми се решаваат пред сè преку системска дискриминација на одредени категории на луѓе, со тоа што ги враќаат од граница, но тоа не може да биде трајно решение, затоа што сепак е тоа некоја дискриминаторска пракса.“

По визната либерализација во пораст е и бројот на луѓе кои се иселуваат од Македонија, дел од нив бараат азил, а дел работа на црно. Голем дел од ромски семејства во обид да преживеат се одлучуваат да заминат надвор од границите на државата, вели Љатифа Шиковска од невладината организација Анбрела.

„Меѓутоа ако зборуваме за Шуто Оризари, ние повеќе делуваме на локално ниво, значително е зголемен бројот на иселувања на семејства надвор во државите кои на некој начин нудат подобри можности.“

Шиковска апелира дека Владата мора да преземе конкретни мерки и механизми за да им помогне на семејствата кои сакаат да заминат надвор.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико