Баскискиот регион во Шпанија усвои декларација за самоопределување | Правдико

Правдико

   

Баскискиот регион во Шпанија усвои декларација за самоопределување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Парламентот на шпанскиот автономен Баскиски Регион синоќа усвоија Декларација за самоопределување, со која бараат поголеми надлежност и може да и предизвикаат дополнителни проблеми на Владата на премиерот Маријано Рахој.

46EDF011619B2441904FF12028E9C605

„За“ усвојување на Декларацијата гласаа 48 народни избраници од редовите на умерената националистичка Баскиската национална партија (ПНВ) и сепаратистичката партија Барду, додека „против“ се изјаснија 27 пратеници од шпанската владејачка Народна партија (ПП) и од опозициските Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и Прогрес и демократија (ПиД). 

Со ваквата одлука на баскискиот Парламнет, како што јавија шпанските медиуми, регионот почна да се движи по стапките на Каталонија, која веќе најави и одржување реферемдум за независност, кој властите во Мадрид го прогласија за нелегитимен.

Баскискиот Регион, што се наоѓа во северниот дел на Шпанија, и сега има значителна автономија во повеќе сфери од општествениот живот, вклучително и самостојност во определувањето и собирањето на даноци.

Извор: Утрински

Партнери на Правдико