Баварија воведува забрана за прекривање на лицето со зар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата на германскатасојузна земја Баварија го одобри во вторникот предлог законот кој им забранувана жените целосно прекривање на лицето со зар на јавни места.
Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да ѝ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел.
„Прекривањето на лицето со зар ќе биде забрането во јавните служби, на универзитетите, во училиштата и детските градинки, на подрачјата на јавната безбедност и редот и на изборите“, објави во вторникот баварската влада.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман рече дека муслиманките кои го прекриваат лицето со традиционалниот зар постапуваат спротивно на германската култура на комуницирање.
„Комуникацијата се одвива не само преку говорот, туку и погледот, изразите и гестикулациите. Тоа е основа на меѓучовечките односи и темел на нашето општество и слободниот и демократски напредок“, порача Херман.
Баварија, каде што е на власт со децении е Христијанско-социјалната унија (CSU) сестринска партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, инаку, беше првата влезна точка за речиси милион бегалци и мигранти кои во текот на изминатите две години влегоа во Германија.
Поради тоа баварскиот премиер Хорст Зехофер и челник на CSU, бешe жесток критичар политиката на отворени граници за азилантите на Меркел, па дури се закануваше и растурање на децениското коалицирање.
Ланскиот октомври партиите од владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција во Германија ги приближија своите ставови во поглед на забраната за носењето на бурки и никаб, муслимански делови од женската гардероба кои го прекриваат лицето и телото, во јавните установи.
Социјалдемократската партија на Германија (SPD), досега се противеше против забраната за облеките кои го прекриваат лицето и целото тело на жената, тврдејќи дека таа забрана би била претерана.
Истовремено социјалдемократите кои, задно со унијата на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU), како помал партнер ја сочинуваат владата водена од канцеларката Ангела Меркел, ги отфрлаат мерки како што се одземањето на германското државјанство на лицата коишто учествувале во војните во странство на страна на исламистите.
Демохристијанската унија лани се откажа од целосната забран за бурката и никабот во Германија, и се ограничила само на забрана за државните институции.
Извор: Макфакс