Беда и луксуз: Сиромашните го преживуваат месецот со 89, богатите со 1.156 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Анкетата на Државниот завод за статистика, „Потрошувачка на домаќинства во Македонија 2014“ покажува дека најсиромашното семејство во земјава минатата година успевало да преживее со само 5.470 денари или 89 евра, а најбогатото домаќинство месечно живеело со 1.156 евра.
По категории, најсиромашните граѓани просечно годишно трошеле по 917 евра за основни потреби, а најбогатите домаќинства 21.325 евра. Според податоците, за храна и безалкохолни пијалаци, сиромашните домаќинства годишно трошеле 746 евра, што е помалку од 2013 – 777 евра. За истата намена богатите лани потрошиле 4.186 евра, приближно колку и во 2013.
Во споредба со 2013, минатата година е намален процентот на оние кои сметаат дека со приходите можат да ги покријат трошоците. Само 4,4 отсто се изјасниле дека со месечните приходи успеваат да ги покријат домашните потреби, 38 отсто сметаат дека со приходите главно ги задоволуваат животните потреби, додека 57,5 отсто се изјасниле дека главно или целосно не ги покриваат домашните потреби со месечните приходи.
Во споредба со 2013, просечните годишни приходи на најсиромашните се намалиле за 103 евра, а на богатите за 1.619 евра.
Во анализата се опфатени домаќинства со членови во работен однос, земјоделски домаќинства, мешовити, домаќинства со самовработени и со издржувани членови, а се поделени во 10 групи, зависно од висината на расположливите приходи кои ги заработуваат на годишно ниво.
Извор: еМагазин