Бегајќи од полицијата, скопјанец фрлил кокаин на „Партизанска“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скопјанец на возраст од 22 години со иницијали О. М. бил приведен вчера на булеварот Партизански одреди во Скопје.
Како што информираат од МВР, на крстосницата од булеварот ВМРО со булеварот Партизански одреди тој со возилото што го управувал не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување кокаин, кое било пронајдено и одземено.
Набргу потоа бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Макфакс