Бегалска криза: Барања до ЕУ за суспензија на правото на глас на Унгарија | Правдико

Правдико

   

Бегалска криза: Барања до ЕУ за суспензија на правото на глас на Унгарија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

24551golemaШефовите на европските држави и влади денес треба да донесат одлука за масивна финансиска помош за земјите кои се граничат со Сирија – Либан, Јордан и Турција во кои има 4 милиони бегалци. Самитот на ЕУ посветен на бегалската криза има за цел, пред се, да го ограничи бројот на бегалците кои доаѓаат во Европа пишува НОВАТВ.

Во меѓувреме, од повеќе страни доаѓаат барања за санкции против Унгарија и нејзиниот премиер Виктор Орбан кој дозволи употреба да гумени куршуми против бегалците. Ова барање дојде од групата на либералите во Европскиот парламент но и од некои белгиските социјалисти. Тие предлагаат активирање на членот 7 од Европската повелба кој предвидува суспензија на правото на глас за земја членка која не ги почитува европските вредности.

Овој член досега никогаш не бил употребен но 23 од 28 земји членки сметаат дека нешто мора да се стори за да се сопрат нехуманите акции за унгарската влада против бегалците. Да потсетиме дека минатата недела Унгарија усвои закон со кој се криминализира секое нелегално минување на границата и се казнува со затвор и прогон од земјата на «криминалецот» кој со тоа губи право во текот на една година да побара влез во ЕУ.

Но Унгарија не е единствената земја која е проблематична во бегалската криза. Така на пример, Словачка најави дека кај себе нема да прима муслимани бидејќи, според словачкиот премиер, Словачка е изградена за Словаци а не за муслимани. Братислава го одби планот на ЕУ за релокализација на 120.000 бегалци низ сите земји членки на ЕУ. Премиерот на оваа земја изјави вчера дека “најголемиот број земји на ЕУ се движат кон празен и неефикасен политички гест”.

На овие изјави реагираше претседателот на Cоцијалистичката група во Европскиот парламент Џани Питела кој предложи суспензија на словачкиот премиер Роберт Фико од социјалистичката политичка група.

«Позицијата на г-дин Роберт Фико дека нема да толерира изградба на џамии од страна на муслиманската имиграција или дека Муслиманите ја редуцираат слободата во Европа или дека Словачка им припаѓа на Словаците а не на малцинствата се срам за целата политичка група», рече Питела.

Тој смета дека постојаното одбивање на Словачка да превземе одговорност и да покаже солидарност во оваа криза не е европска вредност.

«Му предлагам на претседателот на Партијата на европските социјалисти г-дин Станишев да почне процедура за суспензија на партијата СМЕР и истовремено да го повика г-дин Фико да ја објасни својата позиција пред Партијата на европските социјалисти», рече Питела.

Многумина се надеваат дека овој предлог ќе биде инспирација за политичката група на демо-христијаните, каде што членува партијата на Орбан, да предложат суспензија и за владеачката партија на Унгарија.

Европските министри за внатрешни работи вчера одлучија да релокализираат 120.000 бегалци.

Но оваа одлука го покажа и јазот помеѓу “старите” земји членки и некои од “новите”. Четири земји – Романија, Чешка, Словачка и Унгарија – одбија да бидат дел од овој план за релокализација на 120.000 луѓе кои се наоѓаат во Грција и Италија.

Европската комисија денес најави санкции за 19 земји членки поради непочитување на правото на азил. Помеѓу земјите се наоѓаат Бугарија, Унгарија, Грција, Италија, Белгија, Франција или Германија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико