Правдико

   

Бегалците во трка со времето

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се‘уште десетици илјади бегалци се на пат кон Западна Европа. Пред почетокот на зимата нивната состојба ќе биде уште потешка. Започнува трка со времето.

0,,18741905_303,00

Ја напуштиле татковината за да стигнат овде. Многумина бегалци веќе со недели се на пат, пред да стигнат до прифатниот центар Никелсдорф во Австрија. Најтешкото е зад нив, но тука ги чекаат нови проблеми.

Волфганг Гребминг, портпарол на војската истакнува:

„Времето е вистински предизвик, станува поладно, доаѓа дожд. Тоа е предизвик и за војниците и луѓето кои се ангажирани за помош на бегалците.“

Ноќе е веќе прилично ладно. Затоа на бегалците им се брза да стигнат на својата цел, најчесто Германија.

Унгарија пренесе илјадници бегалци со воз на западната граница на земјата. Оттаму тие мора да одат неколку километри пешки за да ја преминат австриската граница кај Никелсдорф.

Други пак имаат долг пат пред себе. Хрватското гратче Строшинци е натамошен собирен центар за оние кои доаѓаат од Србија. Многумина не добиваат доволно згрижување.

Абдел Малек, сириски бегалец се жали:

„Овде нема храна. Нашата храна и вода се потрошени. А, како што гледате, има бројни жени и бебиња. Што можеме да правиме? Не знам зошто ова ни го прават? Но, се надевам дека денеска ќе се‘ биде добро“.

И покрај тешките услови за време на бегството, многумина уште се надеваат на подобар живот во ЕУ.

Но, колку се приближуваат доцната есен и зима, толку повеќе нивното патување станува трка со времето.

Извор: DW

Партнери на Правдико