Бејли и Орав притиснаа, но договор за специјален обвинител нема – рокот истекува утре
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Амбасадорскиот двоец Џес Бејли и Аиво Орав не успеаја доволно да ги притиснат претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино и по целодневниот преговарачки маратон – ниту синоќа не падна договор за законот со кој ќе се избира специјалниот јавен обвинител.
Преговорите продолжуваат денеска, според информациите разговорите ќе продoлжат за соджината на законот, но и се очекува посуштинска дебата за името на потенцијалниот кандидат.
Според извори од преговорите на вчерашните целодневни состаноци, освен бројот на обвинители и начинот како тие ќе се избираат, тимот на Груевски ги оспорил со по нешто речиси сите делови од законот што го подготви ЕК.
Имале забелешки за мандатот на специјалниот обвинител, неговата автономија, буџетот, стручните служби, администрацијата.
Истите извори ова го толкуваат како обид на ВМРО ДПМНЕ уште не избран,да му ја блокира работата на специјалниот обвинитетл.
Дипломатите пак тврдат дека со повеќедневните несогласувања околу текстот на законот, се губи драгоцено време за да се отвори суштинска дебата за името на потенцијалниот кандидат и тоа на само еден ден пред истекот на рокот.
Потенцираат дека ако се пробие датумот договорен во Пржино,кој истекува утре, не се исклучува можноста Брисел да го именува специјалниот обвинител заедно со законот и тоа лично еврокомесарот Јоханес Хан кој во земјава доаѓа на 18-ти.
Извор: 24Вести