Правдико

   

Бејли: Владеењето на правото и борбата против корупцијата се предуслов за влез во НАТО

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владеењето на правото и борбата против корупцијата се еден од главните предуслови за Македонија да стане развиена и просперитетна демократија и дел од евроатлантските структури, порача денеска од Тетово, американскиот амбасадор Џес Бејли, на предавање на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

– Постоењето на корупцијата ја намалува довербата од граѓаните за власта, ги прави институциите слаби и ранливи на притисок и ја ослабува и намалува економијата, а во случајот со Македонија го загрозува и нормалното одвивање на процесот во придружување кон евроатлантските структури, рече американскиот амбасадор.

Бејли рече дека корупцијата е застапена во сите општества, но сите делови од општеството треба да се борат со оваа појава. Тој истакна дека во борбата против корупцијата потребна е силна волја накај политичкото водство за борба против овој феномен, силни институции без политичко мешање и активно граѓанство.

– Во основа сè се сведува на тоа граѓаните лично да решат повеќе да не бидат дел од коруптивниот круг, бидејќи според информациите од претставничката на УНДП во Македонија Луиза Винтон 30 отсто од митото граѓаните го понудиле, без тоа некој да го побара од нив – рече Бејли.

Извор: Мета

Партнери на Правдико