Правдико

   

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, пак, најави засилени контроли дали се почитуваат протоколите за работа во објектите, кои од утре почнуваат со работа.

„Протоколот за работа на сите објекти што со одлуки на Владата ќе може да работат ги носи Комисијата за заразни болести и тие треба да се почитуваат од страна на правните лица. МВР имаше и оперативна координација на која ги разгледавме идните модуси на дејствување на полицијата, при што во наредниот период ќе бидат зајакнати контролите од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на почитување на препораките на Владата за задолжително носење лична заштитна опрема и држење дистанца, односно забрана за групирање, со оглед дека веќе нема ограничување на движењето и пунктови на полицијата. Во однос на контролата на угостителските објекти, МВР во соработка со инспекциските служби ќе изврши контрола на нивното работење во зголемен обем“, рече Чулев.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико