Правдико

   

Белата куќа бара од Конгресот да истражи дали Обама го прислушувал Трамп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белата куќа побара во неделата од Конгресот да истражи дали администрацијата на претходниот претседател Барак Обама ги злоупотребила овластувањата во претседателската кампања за изборите во ноември 2016 година, во рамките на истрагата за Конгресот за наводното влијание на Русија врз американските избори.

Барањето е упатено на ден откако претседателот Доналд Трамп, а подоцна и шефот на персоналот неговата изборна кампања Кори Левандовски без да понудат конкретни докази изјавија дека тогашниот претседател демократски претседател Барак Обама наредил да се прислушува телефонот во изборниот штаб во њујоршки „Trump Tower“, како и тогашниот сенатор а сегашен министер за правда Џеф Сешнс бил слушан во текот на неговите два разговора во зградата на Сенатот со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека функционерите на Трамп нема натаму да го коментираат случајот, сé додека Конгресот не ја заврши истрагата. „Извештајот за потенцијално политички мотивираните истраги во пресрет на изборите во 2016 година, се многу загрижувачки“, изјавил Спејсер, пренесе Reuters.

Портпаролот на Барак Обама во саботата ги отфрли наводите дека поранешниот претседател наредил прислушување на кој и да е американски државјанин. „Ниту претседателот Барак Обама ниту кој и да е друг функционер на Белата куќа никогаш не наредиле следење на кој и да е американски државјанин“, изјави Кевин Луис, портпарол на 44-от американски претседател во кусото соопштение за медиумите.

Бен Родес, советник на Обама за надворешна политика, исто така, ги коментираше тврдењата на Трамп со објавата на Twitter: „Ниеден претседател не може да нареди прислушување. Тоа ограничување служи за тоа граѓаните да се заштитат од луѓето како вас“.

Според американските закони, сојузниот суд мора да има основано сомневање дека целта на прислушувањето се „агенти на странска сила“, за да го одобри барањето за електричните надзор врз штабот на Доналд Трамп.

Републиканскиот сенатор Бен Сас го повика Доналд Трамп да понуди докази за своите тврдења. „Изјавите на господинот Трамп се сериозни и требало да ги објасни тие зборови, и да каже за тоа дознал“, рече Сас.

Демократските пратеници сметаат дека со обвините на сметка на Обама Трамп, сака да се сврти вниманието на јавноста од истрагата за наводните врски со Русија. „Врвниот скретничар повторно го прави истото“, изјави лидерката на демократите во Конгрес, Ненси Пелоси.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико