Белата куќа ќе бара овластување за употреба на воена сила против ИС | Правдико

Правдико

   

Белата куќа ќе бара овластување за употреба на воена сила против ИС

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белата куќа до среда од Конгресот ќе бара ново овластување да употреби сила против борците на Исламската држава, соопштуват блиски извори на конгресот.

White_House_Washington

САД ја предводи меѓународната коалиција против Исламската држава, а претседателот Барак Обама во август минатата година покрена воздушни удари против овие екстрмистички групи во Ирак и Сирија.

Оваа недела администрацијата на Обама за прв пат ќе бара дозвола за употреба на воена сила.

Поради вакви одлагања, некои членови од конгресот изразија загриженост дека кампањата против Исламската држава, ги премина уставните овластувања на претседателот.

Администрацијата на Обама тврди дека кампањата е легална, и е заснована на овластување кое е усвоено за време на претседателот Џорџ Буш за ирачката војна и борбата против Ал каеда и нивните придружни екстремистички групи.

Извор: Tanjug.rs

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико