Белата куќа: Нови материјали за наводното прислушување на Трамп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Белата куќа ги повика републиканските и демократските челници од комитетите за разузнавање на Сенатот и Претставничкиот дом за да ги прегледаат новиот материјал кој е релевантен за нивната истрага околу наводното прислушување на изборниот штаб на претседател Доналд Трамп и наводно руско мешање во ланските американски претседателски избори, изјави во четвртокот портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, пренесуваат агенциите.
„Штотуку на челниците на демократите и претседателите на комитетите на Сенатот и Претставничкиот дом за разузнавање им упативме писмо во кое е наведено дека ‘во рамките на рутинската работа на соработниците, по прашањата за национална безбедност биле откриени документи коишто, како што претпоставуваме, кои веруваме дека се важни со вашето барање од 15-ти март“, рекол Спајсер цитирајќи дел од дописот на Белата куќа.
Станува збор за барањето на пратениците да им се обезбедат информации, со цел да се потврдат тврдењата за прислушувањето на изборниот штаб на Трамп.
„Ги поканивме челниците на демократите и претседатели во Белата куќа, за да можат да се запознаат со оваа информација“, додаде портпаролот.
„Се појавија информации, материјал кој излезе на виделина, и сега сакаме да бидеме сигурни дека луѓето коишто ја спроведуваат истрагата се запознаени со него. Ги повикавме да ги прегледаат во доверливо окружување“, изјави пред новинарите портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, без да открива повеќе информации.
„Како што кажавме претходно, претседателот е убеден дека штабот во текот на изборите во 2016-та бил ставен под надзор. Тоа било спроведувано нелегално, и ние сакаме членовите на Конгресот да дадат своја оцена и да преземат соодветни мерки според законот“, заклучи Спајсер. Истакна дека со документите ќе бидат запознаени само лица кои имаат соодветно ниво на пристап до чувствителни информации.
Дел од американските медиум, пак, пренесуваат дека документите се однесувале на наводното руско мешање во ланските американски претседателски избори.
Директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кон средината на март потврди дека неговата агенција ги истражува можните обид на руската влада да влијае врз изборите во 2016 година, вклучително и можноста за поврзаност на републиканскиот претседател Доналд Трамп со Москва.
Коми во сведочењето пред Конгресот изјави дека истрагата „вклучува и утврдување на врски меѓу поединци блиски на кампањата на Трамп и руската влада, ако и дали имало координираност меѓу кампањата и руските активности“.
Извор: Макфакс