Белата куќа по грешка објави име на агент на ЦИА | Правдико

Правдико

   

Белата куќа по грешка објави име на агент на ЦИА

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пропустот се случил спроти посетата на претседателот Обама на Авганистан.

505D528E-FB48-47D5-AAD5-B5D0C1CA8214_w640_r1_s_cx0_cy9_cw0

Белата куќа по грешка објави име на виш агент на ЦИА во Авганистан, во време кога претседателот Барак Обама беше на претходно необјавена посета на земјата.

Вашингтон пост објави дека главниот оперативец на ЦИА во земјата бил на листата на американските официјални лица од Белата куќа што била дадена на еден од репортерите кој, пак, требал да им достави детали за претстојното патување на претседателот на другите новински организации.

Листата била сочинета од имиња на официјални лица кои биле на брифингот со претседателот Обама, вклучувајќи ја советничката за национална безбедност Сузан Рајс, командантот на американските  сили во Авганистан, генералот Џозеф Данфорд и американскиот амбасадор во Авганистан, Џејмс Канингам.

Весникот пренесе дека новинарот ја контактирал Белата куќа за да праша дали главниот шеф на ЦИА требало да биде на листата и кусо време подоцна нова листа без името била испратена до медиумите.

Извор: Глас на Америка

Препорачуваме

Партнери на Правдико