Белгија ќе ни помогне ако се поправи состојбата во медиумите и во судството | Правдико

Правдико

   

Белгија ќе ни помогне ако се поправи состојбата во медиумите и во судството

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија, земја во криза, се надева на мала помош од Белгија, пишува денеска белгиската информативна агенција „Белга“, по посетата на шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејндерс.

belgija1

„Белга“ информира за политичката криза во државата, потсетувајќи дека власта и опозицијата „комуницираат само преку јавни обвинувања, чија сериозност не само што ги урива институциите на државата, туку ја загрижи и самата Европска унија“.

Агенцијата во веста потсетува дека лидерот на опозицијата е обвинет за шпионажа и за обид за државен удар. Исто така, во текстот се наведува дека опозицијата, од своја страна, го обвини премиерот дека прислушувал 20.000 луѓе, но и оти зел 20 милиони евра мито за изградбата на автопати.

Белгиските новинари пишуваат дека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, се пожалил оти ситуацијата не давала добар имиџ на државата, но додал дека „смета на Белгија“ за помош.

Дидие Рејндерс побарал од македонската влада јасен сигнал и аргументи со кои би можел да ги убеди неговите европски колеги да прифатат почеток на преговори за Македонија, а тоа подразбира, меѓу другото, напредок во слободата на медиумите и на независноста на судството.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико