Белгиски државјанин и негов придружник нападнати од тројца насилници на бензинска пумпа | Правдико

Правдико

   

Белгиски државјанин и негов придружник нападнати од тројца насилници на бензинска пумпа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Насилен инцидент се случил во ресторан на бензиска пумпа на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на 25. месецов.

Како што информираат од МВР, по претходна вербална расправија, тринепознати лица, физички ги нападнале 34-годишниот Д.М., државјанин на Белгија со живеалиште во Скопје и неговиот придружник К.Д., при што истите биле разделени од обезбедувањето на објектот.

По ова, Д.М. и К.Д. со автомобил се упатиле кон Македонски Брод, при што на приклучокот на регионалниот пат, забележале возило, кое откако го одминале слушнале истрел од оружје, но притоа немало повредени.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико