Белгиски суд ја запре процедурата за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија | Правдико

Правдико

   

Белгиски суд ја запре процедурата за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судија во Белгија денеска реши да ја запре процедурата за екстрадиција на разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија.

Одлуката доаѓа откако шпанскиот Врховен суд го повлече барањето за екстрадиција во пресрет на вонредните избори што ќе се одржат во Каталонија на 21 декември.

Пуџдемон и уште пет негови соработници побегнаа во Белгија откако каталонскиот Парламент прогласи независност од Шпанија, а шпанските власти одговорија со суспендирање на каталонската автономија и со кривични пријави против водачите на сепаратистичкото движење.

Дел од каталонските лидери беа притворени во Мадрид, но Шпанија реши да го намали притисокот врз каталонските сепаратисти за да им овозможи да учествуваат на изборите за регионалниот Парламент.

Пуџдемон најави дека засега ќе остане во Белгија, но ќе се врати во Каталонија по изборите.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико