Белгискиот суд одлучува за Пучдемон: Ќе оди во Шпанија или во затвор | Правдико

Правдико

   

Белгискиот суд одлучува за Пучдемон: Ќе оди во Шпанија или во затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на разрешената каталонска Влада, Карлес Пучдемон и уште четворица членови на неговиот регионален Кабинет, претпладнево ќе се појават пред белгиски судија.

Судијата треба да одлучи дали поранешниот Пучдемон и неговите приврзаници ќе бидат предадени на Шпанија, која издаде наредба за нивно апсење.

Во исто време, шпанскиот Врховен суд денеска треба да одлучи дали да ослободи од притвор со кауција десетмината каталонски сепаратистички лидери, кои беа затворени за организирање на референдумот за независност на 1 октомври, кој Мадрид го забрани.

Оваа одлука се чека со големо внимание затоа што се очекува „репресиите“ на шпанската држава, чии жртви се овие „политички затвореници“, да бидат главна тема на политичкиот блок кој сака независност на Каталонија во кампањата за регионалните избори што почнува денеска.

Регионалните избори во Каталонија ќе се одржат на 21 декември.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико