Белгиските власти спречиле париско сценарио во Брисел во неделата | Правдико

Правдико

   

Белгиските власти спречиле париско сценарио во Брисел во неделата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белгиските власти велат дека во неделата оствариле серија на пребарувања на дузина локации во Брисел за да спречат напади со во главниот град на Кралството Белгија идентични како и Париз на 13-ти ноември, пишуваат дневните белгиски весници „Де тејд“ и „Л’Ехо“, јави дописникот на МИА од Брисел.

86096B892C0AA346B1E09BCF8C3BD392

Иако на максимално ниво на готовност останува во сила во моментов во регионот на Брисел, белгиските власти велат дека добиле повеќе укажувања во текот на истрагата, според кои во неделата биле дестабилизирана сериозна терористичка мрежа. Судската истрага е во тек и во моментов се идентификуваат многу, како што јавува „Л’Ехо“, хард-кор членови на терористичката мрежа што во неделата сакале да изведат пресликано париско сценарио во Брисел.

Нападите што пред три дена требало да се случат на неколку локации во Брисел, а кои биле спречени со силната воено-полициска акција на белгиските безбедносни сили на дузина локации во европската и белгиска престолнина, според белгиските весници требало да се случуваат по истата линија како и во Париз. Со тоа што еден од осомничените беше уапсен и обвинет, на крајот, целата терористичка мрежа на поддршка, вклучувајќи и симпатизери, дувла, пари итн., била поткопана од страна на безбедносните сили и спречена во намерата.

Во меѓувреме, додека четвртиот највисок степен на закана од терористички напад останува до вторник во Брисел, а трет степен за остатокот на Белгија, повеќе од 300 полицајци и 200 војници, денеска беа распоредени пред училиштата и метро-станиците во Брисел, откако Националниот совет за безбедност на Кралството одлучи да ги отвори училиштата и подземната железница.

А, по најбараниот терорист во Европа, белгискиот државјанин Салах Абдеслам, кој учествуваше во терористичкиот напад во Париз што одзеде 130 животи, белгиските власти се уште трагаат, иако неофицијални информации велат дека тој веќе пребегал и се крие во Германија.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико