Белгиското министерство за одбрана ќе го тужи „Гугл“ | Правдико

Правдико

   

Белгиското министерство за одбрана ќе го тужи „Гугл“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белгиското министерство за одбрана ќе го тужи „Гугл“ поради тоа што компанијата не го почитува барањето за прикривање на чувствителните воени области на сателитските снимки, објави „Ројтерс“.

Министерството, повикувајќи се на заштитата на националната безбедност, побара од „Гугл“ на своите сателитски мапи да замагли одредени области, како што се воени бази и нуклеарни станици.

„Министерството за одбрана ќе го тужи Гугл“, најави портпаролот на министерството, без да наведува детали.

„Гугл“ се придржува кон слични барања од други влади, кои се загрижени дека сателитските снимки можат да ја загрозат безбедноста на земјата, а засега оттаму нема изјава во врска со коментарите од белгиското министерство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико