Бело Поле: Избегал затвореник осуден за убиство | Правдико

Правдико

   

Бело Поле: Избегал затвореник осуден за убиство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Затвореникот осуден за убиство кој избегал од затвор во Бело Поле, Црна Гора, имал помагачи во затворот и надвор од него – пренесуваат локалните медиуми.

Zatvorenik-hapsenje-Crna-Gora-zatvor-620x350

Иван Вујовиќ од Подгорица е осуден на 14 години затвор.

Успеал да избега од затворот вчера. Разоружал еден од чуварите, кој го прател до телефонската говорница и се заканувал со пиштол на чуварите што ги сретнал до излезот од затворот.

Потрагата по Вујовиќ е во тек.

Ова е второ бегство од затворот во Бело Поле во последните неколку месеци. Во октомври, на стражарите им избега затвореник осуден на 15 години затвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико