Правдико

   

Белоруски новинар во затвор за известување од протест против Лукашенко

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Познатиот белоруски новинар Алех Хруздзилович е осуден на 15 дена затвор поради известување за еден од тековните масовни митинзи со кои се бара оставка од Александар Лукашенко. Судијката Мерина Јарохина, од окружниот суд Фрунзе во Минск, денеска го прогласи 61-годишниот новинар-ветеран и поранешен дописник на Радио Слободна Европа, за виновен за учество во несанкциониран масовен собир на 25 октомври.

Хруздзилович се изјасни за невин, инсистирајќи на тоа дека известувал за протестот како репортер за весникот „Народнаја волја“. Според него, тој носел елек со натпис ПРЕС и документи за идентификација дека е новинар.

Сепак, Хруздзилович беше прогласен за виновен и им се придружи на 15 други новинари кои издржуваат административни апсења поради известување за тековните митинзи што избувнаа по претседателските избори на 9 август, за која изборниот официјален претставник рече дека победил Лукашенко, додека десетици илјади демонстранти велат дека изборите биле наместени.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико