Берлин бара од Атина расчистување на случајот за пратката со бомба | Правдико

Правдико

   

Берлин бара од Атина расчистување на случајот за пратката со бомба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германското Министерство за внатрешни работи побарало од грчките власти да се расчисти целосно случајот со праката во Министерството за финансии на Германија, во која се наоѓаше бомба спакувана во пакет.

– Очекуваме од грчките власти брзо расчистување на случајот, со цел да бидат откриени извршителите, истакна германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Според весникот „Рајнише пост“, претставник на полицијата во Берлин изјавил дека засега органите на редот не планираат да даваат изјави во врска со деталите за случајот.

Весникот „Блид“ пак твдри дека досега германските власти не ја потврдиле информацијата оти пакетот-бомба го примил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Грчкиот пратеник од партијата Нова демократија Адонис Георгиадис, кој беше наведен како нарачател за испраќање на пакетот, изјави дека терористи го искористиле неговото име, бидејќи во Грција е сметан за пријател на Шојбле.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико