Правдико

   

Берлин ќе ја прекине екстрадицијата на германски државјани во Британија по брегзит

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германија ќе ја прекине екстрадицијата на своите граѓани во Британија веднаш по повлекувањето од Велика Британија од Европската Унија дури и ако се постигнат релевантни договори меѓу Обединетото Кралство и Унијата, објави “Фајненшал тајмс”, наведувајќи го како извор официјалното известување испратено од Берлин до Брисел.

Според известувањето, германскиот Устав ја ограничува екстрадицијата на граѓаните на земјата, а единствениот можен исклучок е кога другите земји-членки на ЕУ ќе побараат екстрадиција преку Европскиот налог за апсење или преку меѓународниот суд.

По брегзит, Германија ќе ги отфрли сите барања на Велика Британија за апсење германски државјани дури и за време на транзициониот период, кој ќе се обезбеди ако се постигне договор помеѓу Лондон и Брисел.

Одлуката на Германија беше презентирана пред Европската комисија минатата недела.

Од 2010 година, Лондон поднел речиси 1.800 барања за екстрадиција преку европска потерница, вклучувајќи и 15 барања за екстрадиција на германски државјани, кои биле барани во врска со кривични дела како сексуална злоупотреба на деца, перење пари, измама и трговија со дрога.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико