Берлински процес: Министрите за внатрешни работи договараат патување со лична карта во Западен Балкан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Олеснето движење во регионот на Западен Балкан со лични карти: кон регионален договор за поблизок, подобро поврзан регион и повеќе предности за граѓаните“ е првата точка на која денеска се осврнаа министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата Берлински процес, како и претставници на ЕУ, чиј домаќин е Република Северна Македонија, а со кој ќе сопретседаваат министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Христо Терзијски.
Министерот Спасовски ја поздрави и поддржа иницијативата за регионален договор за слобода на движење и престој со лична карта како еден од важните приоритети на годинешното заедничко претседателство со Берлинскиот процес и упати благодарност до Советот за регионална соработка како важен партнер во операционализацијата на оваа иницијатива.
„Олеснетите процедури за движење на лицата ќе придонесат кон зајакната регионална размена и трговија. Дополнително, слободата на движење во регионот ќе ја зголеми и конкурентноста на пазарот, а уверен сум дека бизнис-заедницата, но и сите граѓани што живеат овде, тоа и го очекуваат од нас. Од овие причини ние министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан треба да ја поддржиме и поттикнеме практичната реализација на проектите од наша надлежност, а особено на оваа иницијатива“, посочи Спасовски.
Тој истакна дека остануваме целосно посветени на нашата европска агенда и продолжуваме понатаму со несмален интензитет, посветена и одговорна работа и реализација на сите активности кон европеизација на нашата земја и нејзино приближување до евро-атлантските системи.
„Дозволете ми да изразам особено задоволство од соработката и координацијата што сами по себе се наложија со преземањето на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес со Република Бугарија. Заедничкото организирање и претседавање на овој состанок се вистински доказ дека со волја и посветеност можеме да постигнеме многу, дури и во услови на пандемија. Иднината на регионот е во ЕУ, а наша одговорност е тоа да го реализираме. Заедно секогаш можеме повеќе!“, истакна Спасовски изразувајќи благодарност до владата на Обединетото Кралство за постојаната посветеност и работа во областа на министерствата за внатрешни работи и сигурност во нашиот регион, како и до Сојузна Република Германија од аспект на визонерската иницијатива за формирање на Берлинскиот процес како платформа за развој на регионалната соработка во Западен Балкан и неговата европска интеграција.
Инаку, првпат во историјата на претседавањето со Берлинскиот процес годинава имаме заедничко сопретседавање на земја членка на Европската Унија и на земја од регионот од Западен Балкан.
Извор: Макфакс