Берлускони осуден на 3 години затвор | Правдико

Правдико

   

Берлускони осуден на 3 години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони беше прогласен за виновен и осуден на три години затвор за поткуп на сенатор во 2006 година во обид да ја сруши тогашната централно-левичарска влада. Берлускони нема да мора да ја одлежи казната поради застареност.

berlus

Судот во јужниот дел на Италија, му изрече на Берлускони забрана за вршење јавна функција во следните пет години, соопшти судијата со читање на пресудата кое се емитуваше во живо на телевизиските мрежи.

Но покрај се тој нема да мора да ја отслужи казната поради застареност, која настанува на крајот од оваа година, пред почетокот на било каква жалбена постапка. Берлускони, кој до сега четири пати бил премиер на Италија и кој се обидува да се врати на политичката сцена, ги негираше обвиненијата, пренесува Танјуг.

Во тужбата се наведува дека Берлускони во 2006 година го подмитил Сергио Де Грегорио, кој беше сенатор за се префрли во неговата партија и на тој начин да помогне во уривањето на централно-левичарската влада, која во тоа време беше на власт.

Медиумскиот тајкун Берлускони беше вовлечен во серија на судски случаи за кои и отслужи едногодишна казна со општокорисна работа.

Препорачуваме

Партнери на Правдико