Беса предлага формирање комисија за реформи во правниот систем со претставници од ЕУ и САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дека во Северна Македонија има политизирано судство, партизирани судови, корумпирани обвинители и, генерално, непрофесионален правен систем, ова го потврдуваат сите извештаи на релевантни меѓународни институции, но подобро го потврдуваат и неодамнешните скандали што го вклучуваат и специјалното јавно обвинителство. Оценувајќи го реформскиот процес, а со посебен акцент на предлог-законот за Јавното обвинителство, предложен од оваа Влада, и имајќи ги предвид нашите забелешки за суштината на Законот за Јавното обвинителство и правосудниот систем како целина, денес предлагаме иницијатива за да се формира комисија за реформи во правниот систем од страна на Собранието или претседателот на државата, изјави Биљал Касами од Беса.
Партијата предлага во комисијата да учествуват по еден претставник – експерт во областа на правото и правосудството од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, претставници од парламентарните политички партии, кои излегоа на последните избори, експерти, како и претставници од невладини организации, кои имаат експертиза од правосудниот систем. Оваа комисија треба да има задача да обезбеди професионални и ефикасни решенија за конечна реформа на правосудниот систем следен и од страна на САД и ЕУ.
Од предложените решенија на оваа комисија, рече Касами, треба да произлезе процесот на проверка во правосудниот систем, во кој треба да се вклучат претставници на САД и ЕУ не само како набљудувачи туку и во процесот на носење одлуки.
„Сметаме дека е време да се соочиме со реалноста и суштински да ги вклучиме претставниците на САД и ЕУ во овој процес и да излеземе од ова перманентна криза и транзиција и вистински да чекориме во правец на евроинтеграциите и вистински да ги примениме европските стандарди и вредности во нашиот систем. Убедени сме дека нашата иницијатива за формирање комисија за реформи во правосудството е повеќе од неопходна, а во моментот и најдобро решение за да се постигне сеопфатна цел за деполитизација на правниот систем во целина, професионализирање и зајакнување на владеењето на правото и почитување на законот еднакво за сите, без оглед на политичката позиција, односно припадноста во одредена политичка партија, етничка група, верска заедница или друга општествена група“, рече Касами.
Извор: Макфакс