Правдико

   

Бесплатна телефонска линија за услугите и сервисите на МВР, редуцирани контактите со странки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи од утре во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и имејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, каде што граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе може да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период во согласност со состојбата со коронавирусот и препораките на Владата.

Од МВР информираат дека вработените, каде што тоа е возможно, ги редуцирале контактите со странките во делот на постапки и услуги што не се итни и кои не се ограничени со рокови.

„Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно“, нагласуваат од МВР преку соопштение.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико