Бесплатни геодетски елаборати за помош на граѓаните од поплавените подрачја | Правдико

Правдико

   

Бесплатни геодетски елаборати за помош на граѓаните од поплавените подрачја

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
SONY DSC

SONY DSC

Владата на Република Македонија во пакет мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект, и ја задолжи Агенцијата за катастар на недвижности во рок од 7 дена да изготви Акциски план за спроведување на оваа мерка.

По предлог на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за изготвување бесплатни геодетски елаборати.

За побрзо и поефикасно реализирање на оваа мерка, ги повикуваме граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација до надлежната општина, а сè уште немаат доставено геодетски елаборат, да се јават во инфо-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности на телефонскиот број:

0800 80 – 800 – за лица кои се корисници на фиксни телефонски линии на Македонски Телеком
 
(02)  317 – 17 – 33 – за лица кои се корисници на кој било  фиксен и мобилен провајдер во РМ и 
 

(02) 317- 38-25 – за лица кои се корисници на кој било  фиксен и мобилен провајдер во РМ.

Со цел пријавувањето да биде спроведено на поефикасен начин, апелираме до граѓаните пред да се јават задолжително да го обезбедат бројот на поднесеното барање за легализација кое го добиле од Општината при поднесувањето на барањето за легализација, бројот на катастарската парцела на која се наоѓа дивоградбата и да имаат лична карта со цел соопштување на потребните податоци од истата.

Граѓаните доколку не го знаат бројот на катастарската парцела, можат да го пронајдат на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижностиhttp://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ . Превземете ја презентацијата ТУКА

Граѓаните започнувајќи од денес можат да се јавуваат секој ден од 8.30 до 16.30 часот, (вклучувајќи го и викендот).

Граѓаните кои ги изгубиле документите во поплавата, а се подносители на барање за легализација пред Општината, освен на телефонските броеви ќе можат да се пријават и во просториите на Центарот за катастар на недвижности во Скопје.

Во согласност со Акцискиот план сите што ќе се пријават, започнувајќи од 1 септември 2016 година ќе бидат посетени од екипи на Агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување на бесплатен геодетски елаборат.

Препорачуваме

Партнери на Правдико