Без јавни настани 20 дена пред и за време на изборната кампања | Правдико

Правдико

   

Без јавни настани 20 дена пред и за време на изборната кампања

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања и за време на изборна кампања не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба на патишта или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавните фондови.

izboriОва, како што изјави денеска заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, го предвидува членот 8-а од Изборниот законик.

Појасни дека може да се отпочне со градба, да се стави камен темелник, но тоа да не биде презентирано како јавен настан. 

– Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање јавна изјава од страна на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиуми, дебата на медиуми или одговор на новинарско прашање, рече Бришкоска-Бошковски.

Според неа, не се јасни причините поради кои што доаѓа до различно толкување од некои политички партии или од страна на некои медиуми дека јавните настани по повод отпочнувањето со градба и отпочнувањето со работа на некои објекти е спротивно на донесениот Изборен законик.

Во контекст на тоа додаде дека Изборниот законик беше донесен со консензус од сите политички партии. – Одредбата 8-а од Изборниот законик не дава простор за различни толкувања по основ на тоа што е јавен настан и кога се дозволени или не се дозволени јавните настани, рече таа.

Извор: Утрински весник

Партнери на Правдико