Без лиценца, приредувал игри на среќа – запленети шест телевизори, четири компјутери
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И. (29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело приредување игри на среќа без лиценца.
Од полицијата велат дека при контрола од полициски службеници во објектот биле затекнати лицето М.И. и вработени, при што биле одземени шест телевизори, четири компјутери, четири монитори, четири глувчиња, еден печатач за тикети, четири билтени, девет одиграни ливчиња, како и 39.220 денари.
Извор: Макфакс