Безбедносен протокол и за членовите на ДИК | Правдико

Правдико

   

Безбедносен протокол и за членовите на ДИК

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Протоколот треба да оневозможи какви било манипулации при процесот на прочистување и ажурирање на Избирачкиот список, со правила и за членовите на ДИК.

0,,18926236_303,00

За потребите на Државната изборна комисија (ДИК) домашни експерти во соработка со странски ИТ- консултанти треба да почнат подготовка на т.н. безбедносен протокол, кој ќе оневозможи какви било манипулации при процесот на прочистување и ажурирање на Избирачкиот список, а со правила и за членовите на ДИК.

Како што дознава ДВ од експертски извори, тоа би подразбирало компјутерска вмреженост исклучиво меѓу членовите на ДИК, односно систем на нивна интерна, затворена комуникција, без можност за комуникација и праќање податоци кон трети лица. Протоколот би предвидувал и забрана за внесување и користење USB – стикови, со цел да да се оневозможи преснимување на податоци од Избирачкиот список, кои потоа би можеле да се дистрибуираат до неовластени лица. За да се спречи компромитирање на целиот процес, се предвидува и поставување на безбедносни камери, кои ќе регистрираат какво било прекршување на безбедносниот протокол од страна на членовите на ДИК.

Од ДИК не сакаат да соопштат ништо повеќе од она што вчера во соопштение го образложи претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски: дека процесот на подготовката на вкрстените проверки на избирачкиот список е базиран исклучиво на ангажирање на ИТ консултанти со помош на меѓународни донатори (ИФЕС). Имплементацијата треба да ја вршат три независни ИТ компании кои ќе работат на иста проектна задача, со што треба да се избегне ризикот од субјективности, политички притисоци и можности од одолговлекување на процесот.

Потребно е време

Што се однесува до најважното прашање – временските рокови, Чичаковски потенцираше дека проверката на Избирачкиот список до 24 април, може да биде само импровизација.

„Без темелна проверка на избирачкиот список, изборите на 24-ти април може технички да се спроведат, меѓутоа не може да се обезбеди проверка, прочистување и добивање на избирачки список во кој сите ќе имаме доверба. Во овој краток рок, проверката на Избирачкиот список може да биде импровизација и со таква постапка ние нема да добиеме кредибилни избори“, соопшти Чичаковски.

Тој објасни дека сите три фази – вкрстените проверки, теренските проверки и постапките за вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, потребно е да се спроведат од денот на усвојувањето на двете методологии, до денот на објавување на Избирачкиот список на јавен увид. Тие проверки во никој случај не може да се спроведуваат и за време на јавниот увид, затоа што на јавен увид се става прочистен избирачки список, а и се пробиваат други законски рокови кои веќе течат во изборниот период. Според проценки на релевантни организации, за овие постапки ќе бидат потребни околу 3 до 4 месеци, за да може да се добие доверба во Избирачкиот список.

Извор: DW

Партнери на Правдико