Безбедносните закани не треба да се игнорираат | Правдико

Правдико

   

Безбедносните закани не треба да се игнорираат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Безбедносната состојба во Македонија е доста чувствителна. Затворените граници за економски мигранти, терористички напади во Париз, закани во Европа, само покажуваат дека опасност постои. Иако не постојат директни закани за земјата, сепак експертите повикуваат на внимателност.

55DBA769-1692-44A5-B8EC-2535A5E25279_w640_r1_s

Безбедносната состојба во Македонија се усложнува, пред сè поради одлуката на европските земји да ги затворат границите за мигрантите кои не доаѓаат од воените подрачја, со што се зголеми притисокот врз јужната граница на земјава. Дополнително, терористичките напади во Париз покажуваат дека опасност секогаш постои. Иако нема директна и непосредна закана за земјава, сепак потребна е внимателност, велат безбедносни експерти.

Безбедносната состојба, не само во Македонија, е доста чувствителна, пред сè поради реализираните терористички активности, но и од латентната опасност од нови вакви дејствија во која било од европските земји, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

„Од тој аспект се усложнува ситуацијата или таа ќе биде уште поусложнета, со одлуката на неколку европски земји да прекинат да ги прифаќаат бегалците и мигрантите и одлуката на ЕУ воопшто да не се прифаќаат економските бегалци и мигранти. Значи земајќи ги сите овие факти во предвид состојбата и во Република Македонија на планот на безбедноста се усложнува и Република Македонија со изнудената одлука и таа да прифати да не ги прифаќа економските бегалци може да предизвика разно радикални структури и поединци да дејствуваат од аспект на терористичките активности.“

Според Марковски битно е властите да проверат дали на сопствената територија инфилтрираните терористи кои можат да влезат заедно со мигрантите и бегалците имаат поддршка, односно дали има формирано ќелии преку кои тие можат да се поврзат и да дејствуваат од терористички аспект.

„Пред се треба да се зголеми активноста на безбедносните структури и структурите на разузнавање кои со поврзување на регионално, но и на пошироко ниво ќе разменуваат информации и размислувања со своите колеги и врз основа на тие информации ќе можат заеднички да дејствуваат во превентивна смисла да не се случуваат поврзување на инфилтрирани терористички групации или поединци со евентуалните радикали кое се наоѓаат на територијата на соодветната земја“, вели Марковски.

Претседателот на Евроатланскиот совет Исмет Рамадани вели дека Македонија како аспирант за членка во НАТО треба да биде дел од коалицијата која се бори против тероризмот.

„Што се однесува до Република Македонија внатре, добро е што кој Македонија нема некоја отворена закана од тероризам, од така наречениот радикален ислам, но како и секоја држава од самиот факт што припаѓа на таа антитерористичка коалиција, тогаш Република Македонија треба да ги преземе сите мерки кои се неопходни за да се сочува безбедносна на државата и безбедноста на граѓаните, на институциите и сето тоа што е витално за една држава“, вели Рамадани.

На вчерашната средба меѓу претседателот Ѓорге Иванов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Иванов побарал Алијансата да ги има предвид новите безбедносни закани и поместувањата на гео-политички план.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико