Правдико

   

Би-Би-Си прикривал бројни силувања кои ги вршел нивни водител

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Би-Би-Си e прогласен за виновен поради прикривање на повеќе силувања извршени од страна на познатиот водител Џими Савил. Во својата 40-годишна кариера нападнал стотици момчиња и девојчиња, а во БиБиСи во континуитет ги игнорирале поплаките на жртвите, стои во извештајот од истрагата претставен на управата на британскиот јавен сервис, која  ја  водеше поранешен судија во Апелациониот суд – Џенет Смит.

Џими Савил беше легенда на Би-Би-Си. Тој го водеше Top of the Pops во златните шеесетти и седумдесетти години, како и бројни гледани емисии.

Дури по неговата смрт пред пет години во јавноста се појавија поплаките на стотици момчиња и девојки за сексуална злоупотреба при контакти со Савил. БиБиСи беше принуден да започне истрага, а резултатите се објавени.

“Савил беше закана за младите, момчиња и девојчиња, а неговата положба на ѕвезда ја искористувал бесрамно. Најмладата жртва на злоупотреба беше осум години, а најмладото момче кое го силувал само десет. Практика Би-Би-Си да ги заштитат своите ѕвезди му овозможи да го прави ова со децении “, рече шефот на истражната комисија Џенет Смит.

Генералниот директор на БиБиСи – Тони Хол рече дека во име на Би-Би-смета дека ова не било во ред.

“Ова е ужасна дамка на нашата институција, и јас длабоко се извинувам за болката која е нанесена “, вели Хол.

За да биде уште полошо, Савил подоцна во неговата кариера се пријавил за добротворна работа во детски болници и сиропиталишта, за што дури и беше одликуван од кралицата за витез.

Можно е овај заклучок на комисија да биде основа за поведување на индивидуални кривични пријави против BBC.

Партнери на Правдико