Правдико

   

Би-Би-Си: Се појави и втор свиркач против Трамп

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во истрагата за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп се случи изненадување, со тоа што се појави и втор свиркач, соопштија адвокати кои го застапуваат првиот свиркач.

Адвокатот Марк Заид рече дека и тој изнел информации за обиди на Трамп да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да го истражи неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател и можен претседателски кандидат Џо Бајден.

Тој нагласи дека и вториот свиркач е од разузнавачките служби и запознат со случајот и дека за тоа разговарал со генералниот инспектор, јави Би-Би-Си.

Белата куќа не ја коментираше информацијата, а Трамп ги отфрли и првичните наводи.

Засега не се знае ништо за деталите поврзани со вториот свиркач.

Заид во изјава за  Еј-Би-Си, рече дека вториот човек е личност која од прва рака дознала за наводите поврзани со телефонскиот разговор на Трамп и Зеленски од 25 јули. Њујорк тајмс објави дека вториот свиркач разгледува излегување во јавност со целосни информации за тој случај.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико