БиХ: Даноците на игри на среќа ќе ја намалат вработеноста | Правдико

Правдико

   

БиХ: Даноците на игри на среќа ќе ја намалат вработеноста

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новиот закон за игри на среќа би можел да го уништи легалниот пазар на игри на среќа во Федерацијата на Босна и Херцеговина. Од Европската организација за регулирање на игрите на среќа предупредуваат дека оданочувањето со 10 отсто при уплатата и исплатата на евентуалната добивка би можело да ги пренасочи обложувачите да „играат“ на покер-апаратите. Ова ќе придонесе за отпуштање од работа на илјада вработени во обложувачниците, а федералниот буџет ќе остане без значителни приходи.

Поради тоа од Европската организација за регулирање на игрите на среќа бараат од Владата на БиХ играчите да се ослободат од плаќањето данок, а тој да се плаќа на разликата меѓу уплатата и исплатата.

Тринаесет приватни компании што организираат игри на среќа, секоја година уплатуваат по 100 милиони конвертабилни марки. Во оваа индустрија се вработени 5.500 лица, а индиректно од нив живеат 30.000 лица. Но последните фискални зафаќања ги зголемија даноците од игри на среќа за 20-30 милиони КМ.

– Лани исплатените даночни обврски ги зголемивме за 12,5 милиони КМ, што претставува 26 отсто од вкупните даноци. Нашата цел е да ги наплатиме овие пари, а не да ги намалиме вработените – вели Ермин Ехиќ, претставник на Здружението за организирање игри на среќа.

Истражувањето на Европската организација за регулирање на игрите на среќа покажаа дека легалните обложувачници ќе изгубат 30 отсто од своите клиенти во првите шест месеци, а прометот би им се намалил за седум отсто.

– Новиот закон ќе предизвика селење на играчите на покер-апаратите и на сивиот пазар, затоа што таму ќе плаќаат помал данок на добивка. Сличен даночен режим не постои никаде во Европа – вели Ехиќ.
На јавната расправа за предложените измени на Законот за игри на среќи, која се одржа во Сараево, немаше претставници од Министерството за финансии на БиХ.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико