Правдико

   

БиХ експериментира со „шведскиот модел“ во справување со коронавирусот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Босна и Херцеговина потврдени се 56 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а здравствените работници потврдија дека сега експериментираат со примена на „шведскиот модел“ на контролирање на ширењето на епидемијата.

Во последните 24 часа тестирани се 793 лица низ целата земја, а вирусот е потврден кај 56 лица.

Најголем број новозаразени има во Сараево, каде има 10 нови случаи, и во Бања Лука, каде има осум нови случаи.

Податоците објавени денеска се продолжение на трендот кој трае речиси три недели, односно има двоцифрена бројка на нови случаи. Вкупниот број потврдени случаи од март достигна повеќе од 3.100, со 168 смртни случаи.

Заменик-министерот за здравство на БиХ, Горан Черкез, рече дека двоцифрениот дневен број на новозаразени не е причина за тревога затоа што тоа е резултат на пресметан ризик заснован врз проценката дека редовните активности не смеат да се прекинуваат заради сериозните економски последици.

Тој потврди дека БиХ всушност експериментира со „шведскиот модел“, кој повеќе се потпира на самодисциплина и помалку на ограничувања.

„Сега сме во систем каде што свеста игра најголема улога. Доколку има масовно заболување на локално ниво, тогаш ќе треба да се спроведат порестриктивни мерки во тие локални заедници. Тоа ќе доведе до комбинација на таканаречениот ‘шведски модел’ и рестриктивни мерки“, вели Черкез за порталот „Кликс“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико